Барди изнуди пенал и го најави пресвртот на Леванте (Видео)

bardi-vill

Леванте го победи Вилјареал (2:1) со пресврт пред своите навивачи, а еден од клучните моменти беше првиот пенал за домаќините по прекршокот над нашиот репрезентативец Енис Барди.

Вилјареал по првиот дел водеше со 1:0 со голот на Морено, но некаде во 66. минута судијата со ВАР асистенција досуди пенал по стартот направен над Барди. Иако првично голманот на Вилјареал, Анхел Фернандез одбрани, судијата одлучи ударот од белата точка да биде повторен поради неправилното движење на голманот, па Рожер успеа да израмни.

Пет минути подоцна, повторно голманот на Вилјареал е во фокусот и тоа поради една голема грешка по која тој направи прекршок и пенал, а Рожер го постигна вториот гол за 2:1.

Барди одигра цел натпревар, а Леванте стигна до првата победа во новата сезона, откако во првото коло загуби на гостувањето кај Алавес.

Facebook Коментари