Поврзете се со нас

Лига на нации

Барди: Имаме одлични играчи, не треба да бараме алиби…

Објавено

на

Македонија утре ќе го започне учеството во новото издание на Лигата на нации и тоа на гостински терен против репрезентацијата на Фарски Острови.

Средбата во Торшавн се игра во терминот од 15 часот, битка во која нашата селекција го има статусот на фаворит со тоа што ќе мора истиот да го потврди, оправда на зелениот терен.

Гостинските мечеви секогаш се специфични, ние по обичај тешко играме на страна и потврда за тоа е што веќе една година сме без победа. Последниот натпревар го имаме добиено против Малта, а претходно во 2022 година славевме со Гибралтар со 2-0.

Ова сега е можност да дојдеме до позитивен резултат, можност која Енис Барди верува дека ќе ја искористиме со оглед на квалитетот што го поседуваме.

-Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

-Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме, -порача капитенот Барди.

Милевски: Одличната енергија треба да ја пренесеме на терен, имаме јасна цел во Лигата на нации

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни