Поврзете се со нас

Шпанија

Барди и Леванте го шокираа Атлетико во Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипа на Леванте на нашиот Енис Барди направи големо изненадување и славеше над Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Пред неколку денови клубот од Валенсија ремизираше со истиот овој противник во заостанатиот меч од 2. коло, додека пак вечерва се избори за сензационален резултат и триумф од 2-0. Избраниците на Диего Симеоне доминираа, упатија скоро 30 удари, меѓутоа ниту еднаш не ја затресоа мрежата на одличниот Карденас.

Од друга страна пак Леванте беше максимално прецизен, па така од двата директни удари даде два гола преку капитенот Моралес во 30 и Де Фрутос во 95 минута. Инаки нашиот Барди беше стартер и ги одигра сите 90 минути против лидерот во Примера.

Атлетико и покрај поразот останува на првото место со 55 бода, меѓутоа ова може да биде дополнителна мотивација за Реал Мадрид и Барселона со добри резлтати да направат дополнителен притисок врз ривалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни