Поврзете се со нас

Шпанија

Барди го извади од игра стоперот на Атлетико и лесно го матираше Облак (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид важи за тим кој ја има најдобрата одбрана во Примера и поради таквите податоци Јан Облак најретко ја вади топката од својата мрежа, но во листата од само 14 примени погодоци досега, се вклучи и Македонецот Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот на заостанатиот натпревар од шпанското фудбалско првенство меѓу Леванте и Атлетико, откако најпрво одлично се загради и го извади од игра противничкиот стопер, а потоа лесно го матираше Облак.

Откако реагираше паметно на средината на теренот, Барди истрча до противничкиот шеснаесетник и доби употреблива топка од Де Фрутос, пред да погоди за водство од 1:0 на „Сиутат де Валенсија“.

Офанзивниот фудбалер својот гол го постигна во 17-та минута, но 20 минути подоцна, лидерот во Примера се врати и израмни пред полувремето преку Љоренте како најава за возбудливи 45 минути во вториот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни