Поврзете се со нас

Свет

Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот

Објавено

на

Foto:facebook.com/Trabzonspor

Турските медиуми рано денеска пренесоа дека Енис Барди и директорите на Трабзонспор ставиле крај на непријатната епизода која траеше неколку месеци, односно со взаемен договор за прекина на соработката ставиле крај на сите разлики во размислувањата.

Македонскиот репрезентативец мораше да се соочи со ситуација во која беше исфрлен од првиот тим на турскиот суперлигаш, па иако подоцна се врати, повеќе од јасно беше дека капитенот на репрезентацијата нема иднина во актуелниот клуб.

По ексклузивата на турските медиуми, ова попладне пристигна официјална информација за раскинот меѓу двете страни, но навистина впечатливо е што тоа е направено во навистина позитивни и пријателски услови.

Трабзонспор како клуб му врачи специјална плакета на Барди во знак на благодарност за сето она што го направи за клубот во изминатите две и пол години, а автоматски тоа значи дека Енис од денеска е слободен агент.

Играчот за врска може да потпише си било кој клуб кој ќе му понуди најдобар проект и најдобри услови, а како што јавуваат турските новинари, најпримамливи за Енис се две понуди од Шпанија.

Според информации, Барди има добри шанси да се врати во Ла Лига уште во јануари, бидејќи Еспањол и Рајо Валјекано веќе го контактирале и му понудиле договори за рестартирање на кариерата во шпанската елита.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни