Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди доби позитивен корона-тест пред стартот на клучните подготовки за ЕП

Објавено

на

Енис Барди беше приморан да направи тест за коронавируст откак одвајца неговите соиграчи од Леванте испаднаа позитивни по последниот меч во Ла Лига, а ова попладне пристигна ифнормација дека позитивен на Ковид 19 е и македонскиот репрезентативец.

Ова ќе направи Барди да ги пропушти подготовките и двата контролни натпервари пред Европското првенство, но сите веруваат дека состојбата ќе остане непроменета како сега и дека тој ќе стигне навреме за континенталниот турнир.

– Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19.

– Важно е да се напомене дека пред почетокот на собирот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата.

– Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во А македонската репрезентација, – изјави членот од лекарскиот тим на репрезентацијата, Александар Савески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни