Барди асистент, Леванте ја загуби градската пресметка со Валенсија (Видео)

levante-valensija

Леванте и Енес Барди доживеаа пораз во градското дерби со Валенсија во 16. коло во Примера.

Домашниот тим има одличен старт и по 20 минути поведе со 2-0 со погодоците на Роџер Марти со тоа што при првиот асистент беше нашиот репрезентативец Барди. Меѓутоа во финишот на првиот дел токму Марти си постигна автогол и оттука почна падот на Леванте.

Валенсија за две минути од 57 до 59 минута преку Гамеиро се избори за комплетен пресврт за да точка на трите бода за „лилјаците“ стави Торес во 88 минута.

Facebook Коментари