Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барцаљи посочи како Јувентус треба го запре Халанд, а испрати и конкретен совет до Влаховиќ

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Јувентус е домаќин на Манчестер Сити во Лигата на шампионите во меч во кој е тешко да се каже дали има фаворит затоа што двата клуба имаа свои проблеми и три бода од битката дефинитивно можат да бидат од огромно значање како за ова натпреварување, ама и за тековната сезона.

Андреа Барцаљи има одиграно многу вакви средби во дресот на Јувентус, па верува дека формата на Сити не треба да го залаже калчолигашот, поточно да биде многу внимателен.

-Не би му верувал на [Сити] и убеден сум дека Јувентус ќе го стори истото, особено затоа што „бјанконерите“ доаѓаат од многу нерешени натпревари и им треба победа за да ја зајакнат самодовербата. Ќе биде тешко, но понекогаш овие европски ноќи имаат искра што ја менува сезоната, -рече Андре кој имаше директен совет за Душан Влаховиќ кој како да добива критики и кога треба и кога не треба.

-Може да се каже дека Душан се грижи за тоа, но притисокот е нормален за играч кој е деветка во Јувентус, особено кога цената е висока. Му треба гол против Манчестер Сити, дури и ако луѓето секогаш ќе го кажат истото. Ако постигне гол, тоа е затоа што тој е Влаховиќ. Ако не, тоа е проблем. Мора да ги покрие ушите, -истакна некогашниот италијански ререзентативец.

Ерлинг Халанд ќе биде најголема опасност за Јуве, па Барцаљи како некогашен дефанзивец посочи како составот од Торино треба да се постави.

-Потребно е внимание во шестнаесетникот каде што е страшен. Халанд комбинира важни движења со неговата физичка способност. Мора да останете блиску до него во секое време. Ачерби секогаш го ставаше под притисок на последните натпревари против Манчестер Сити, но тоа е тимска работа и целата одбрана мора да остане блиску до него, -подвлече Андреа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни