Поврзете се со нас

Балкан

Барбарез: Фала ти мој Белграде, за вакцините за мојата мајка и сестра…(ФОТО)

Објавено

на

Денеска во Белград голем број на граѓани од регионов добиваат вакцини против коронавирусот, а тоа беше доволно за реакција на легендата на босанскиот фудбал Сергеј Барбарез.

Некогашниот член на многу германски клубови меѓу кои Хамбургер, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен ја искористи оваа можност да им се заблагодари на Србите за дадената шанса за вакцинирање на неговата мајка и сестра, а во исто време ги искритикува властите во неговата земја.

-Ти благодарам мој Белграде, од срце затоа што им даде шанса на мојата мајка и мојата сестра да се вакцинираат, а со само тоа и шанса за подобар живот. А тебе, „политико на БиХ“, да не ве набројувам поединечно бидејќи и не сте заслужиле, продолжи и понатаму со своите идиотизми и незнаење, -порача Сергеј преку социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни