Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баражот носи „бомба“ во ЛШ: Сити преживеа, но вкрстува со два европски великани (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити ја преживеа воведната рунда во Лигата на шампионите и со победа над Клуб Бриж се пласираше во баражот, но како 22-ро-пласирана екипа, нема да има воопшто лесна ждрепка.

Иако ќе се врши извлекување за да се одредат осумте пара во баражот за осминафиналето во најелитното европско натпреварување, ситуацијата на англискиот првак е прилично чиста, бидејќи во ниту еден случај нема да има лесен противник.

Како 22-ри тим на табелата, Сити оди во круг на четири екипи со Реал Мадрид или Баерн Минхен, бидејќи во ниту еден случај не може да игра против 21-вопласираниот Селтик.

Поточно, Сити во плејофот ќе игра или со актуелниот европски шампион, или со Баерн Минхен, па Сити значително ќе мора да ја поправи формата доколку сака да се најде во осминафиналето.

Од останатите комбинаторики, вреди да се издвои дека можно е да дојде до бараж меѓу италијанските великани Милан и Јувентус, бидејќи двата тима се во кругот со ПСВ и Феенорд. Подобра варијанта за Милан ќе биде да ги одмери силите со Феенорд, додека за Јувентус подобро сценарио ќе биде да се падне со ПСВ.

Ждрепката за следната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни