Поврзете се со нас

Англија

Бараше автограм од ѕвездата на Њукасл, а доби подарок вреден неколку илјади евра (Видео)

Објавено

на

Њукасл го победи Нотингем Форест со 2:0 на стартот на новата сезона во Премиер лигата, а по мечот на „Ст. Џејмс парк“, еден фан на домашниот тим доживеал момент кој никогаш нема да го заборави.

Обичното барање автограм за својот син се претворило во добивање скап подарок вреден неколку илјади евра, сето тоа поради благородниот чин на ѕвездата на Њукасл.

Алан Сен Максиман е омилен меѓу навивачите на Њукасл и еден од најдобрите играчи на менаџерот Еди Хау, а според англиските новинари, тој на фанот му подари Ролекс часовник вреден неколку илјади евра.

– Јас бев личнсота која доби часовник за подарок од Алан Сен Максиман. Тотално останав без зборови…

– Мислев дека доаѓа да подели автограми и да се слика со децата. Се уште сум во шок, не можам да му се заблагодарам доволно, – вели Стив Датон, фанот на Њукасл, а видеото го сподели и самиот Сен Максиман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни