Поврзете се со нас

Шпанија

Барањето на Мамардашвили му прави голем проблем на Димитриевски

Објавено

на

Foto:facebook.com/valenciacf.en

Валенсија има јасна цел да го продаде Гиорги Мамардашвили од самиот старт на летниот преоден рок, па иако се наоѓа во завршна фаза да реализира такво нешто, завршното сценарио сепак не е најидеално за Столе Димитриевски.

Најдобриот македонски чувар на мрежата пристигна на „Месталја“ со идеја да го замени Мамардашвили и да биде прв голман, но во овој момент, токму Грузиецот е тој кој му прави неочекуван проблем на Столе.

Во завршницата од преговорите меѓу ВАленсија и Ливерпул, МАмардашвили побарал да остане една сезона како позајмен фудбалер во Валенсија, а бидејќи Англичаните без проблеми го прифаќаат овој услов, тоа значи дека Димитриевски сега е под ризик сезоната да ја мине на клупата за резерви.

Ливерпул нема причина да форсира за Мамардашвили бидејќи во моментов го има Алисон Бекер, но на „Енфилд“ сигурно ќе бидат многу помирни кога ќе знаат дека имаат купено замена, која редовно добива шанса во Валенсија.

Според пишувањата на угледните медиуми блиски до клубот од „Месталја“, трансферот ќе изнесува околу 38 милиони евра, а Валенсија ќе добие и поволни услови за заемот од една година.

Во овој момент изгледа дека ова сцеанарио ќе се реализира во наредните 72 часа, а тоа ќе донесе сериозен предизвик на Димитриевски, кој ќе треба да одлучи дали ќе остане една сезона на клупата на Валенсија, или ќе побара и тој заем во некој друг клуб од Шпанија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни