Шпанија
Бараха се одјави од Валенсија како вистински џентлмен (Фото)
Рубен Бараха одбиваше да се откаже и покрај тоа што имаше ужасни бројки со Валенсија од стартот на сезоната, па иако негов план беше да биде на чело на тимот и на стартот на 2025-та година, до такво нешто сепак нема да дојде.
Упрвата на „лилјаците“ ова попладне извести дека ја прекинува соработката со легендарниот Бараха и дека му врачува отказ поради лошата серија на резултати, но пред се поради кризата која датира од крајот на минатата сезона.
Двете победи на последните 25 првенствени натпревари направија Валенсија да има катастрофален крај на 2024-та година, па така вчерашниот натпревар против Алавес испадна да биде последен за Рубен во неговата двегодишна етапа како тренер на првиот тим.
Бараха во 2023-та година ја презема Валенсија во крајно деликатна ситуација и ја спаси од испаѓање, а сега кога си заминува, реши да го направи тоа како голем џентлмен.
– На прво место сакам да се заблагодарам за довербата која ми беше укажана, за тоа што успеав да си го исполнам мојот професионален сон како тренер, а тоа е да ја водам мојата Валенсија. Ова беа две интензивни години во кои споделивме многу емоции, многу радости, но и фрустрации.
– Од првиот до последниот ден го дадов најдоброто од себе, ја оставив душата за да и помогнам на Валенсија во обидот да ја надмине оваа тешка ситуација. Сакам да се заблагодарам за љубовта која ја добив од Валенсијанистите, а моја желба е овој тим да ја оствари целта. Валенсија беше, е и ќе остане во моето срце засекогаш. И покрај тоа што ова е тажен момент, оваа етапа беше вистинска привилегија и вистинска гордост за мене. Напред Валенсија, – порача Бараха.
Само за потсетување, Бараха е играчка легенда на Валенсија и најдобрите фудбалски денови ги мина на „Месталја“, стадион на кој славеше две титули во Ла Лига, една во Купот на УЕФА, и по една во Суперкупот на УЕФА и Копа дел Реј.
-
Свет14 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација15 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија10 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија12 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Светски првенства5 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија17 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија17 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Англија13 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…