Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја во фото-финиш до четврта победа во низа во Мото ГП и историја за Дукати (Видео)

Објавено

на

Пеко Бањаја не е лидер во генералниот пласман, а причина за тоа се четирите пада кои ги имаше на почетокот на сезоната, бидејќи во моментов, Италијанецот е возач во убедливо најдобар ритам во Мото ГП.

Тоа го потврди и денеска на домашната трка во Мизано, каде мораше да се испоти за да дојде до нова победа, четврта во низа, а шеста во годинешниот шампионат.

Трката за Големата награда на Сан Марино започна со пад на Џек Милер кој вчера ја освои пол-позицијата, па тоа му овозможи на Бастијанини да води два круга, пред да биде престигнат од Бањаја и Вињалес.

Овој двоец беше во костец повеќе од половина трка, но Бањаја мудро одолеваше на нападите на Вињалес, па откако Шпанецот ја истроши предната гума, му го препушти второто место на Бастијанини.

Енеа имаше доволно сили и свежина да го нападне Бањаја, но сепак не успеа да дојде до првото место и во возбудлив фото-финиш на крајот мина како втор.

Вињалес се задоволи со третата позиција и место на пиедесталот, четврти заврши Марини, додека лидерот во генералниот пласман Квартараро заврши петти. До крајот на Мото ГШ сезоната има уште шест трки и Квартараро останува лидер, но ако дозволи ваква доминација на Бањаја, ризикува да остане без втората шампионска титула.

Инаку, Бањаја денеска направи и историја, бидејќи стана првиот возач од постоењето на Дукати кој врзал четири победи во низа во „кралската класа“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни