Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја славеше во Барселона, Мартин е нов првак во Мото ГП (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/carrusel

Франческо Пеко Бањаја успеа да слави на последната МОТО ГП трка за оваа година што се возеше во Барселона, но овој триумф не беше доволен за ново славје и титула во „кралската класа“.

Имено ова за Пеко беше 11 сезонска победа што е мала утеха затоа што неговиот главен конкурент Хорхе Мартин дојде до резултат, третата позиција која му овозможи да стане нов светски шампион. Мартин заврши зад Марк Маркез, меѓутоа освен што тоа беше доволно за пиедестал, уште позначајно е тоа што донесе титула, конечен триумф во генералниот пласман со плус десет бода во однос на Бањаја.

Тоа што е најзначајно во овој успех Марин го постигна со приватен тим, а не со фабричка машина што претходно му има успеано само на еден човек во историјата на натпреварувањето – легендарниот Валентино Роси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни