Мото ГП
Бањаја се приближи до Мото ГП титулата со триумф во Малезија

Франческо Бањаја се приближи дополнително до својата прва Мото ГП титула, победувајќи на трката во Малезија возена утринава.
Членот на Дукати оствари многу важен триумф на една трка до крајот на првенството, оставајќи му само теоретски шанси на актуелниот шампион Фабио Квартараро.
Во текот на трката, Бањаја се бореше со својот сонародник Бастијанини, но успеа да го задржи првото место, додека победничкиот пиедестал го комплетираше третопласираниот Квартараро.
Првата десетка беше комплетирана со Бецеки, Ринс, Милер, Маркез, Биндер, Зарко и А.Еспаргаро.
Со ваквиот епилог, Бањаја има 23 поени предност во однос на Квартараро во генералниот пласман, па на последната трка во Валенсија ќе му треба минимален ефект за потврда на титулата. Од друга страна, Квартараро ќе треба да победи, а ривалот да на освои поени за да може да направи целосен пресврт.
Решавачката трка ќе се вози на 6. ноември.
-
Светпред 24 часа
Ракометен раритет: Бразилски голман режираше пенал-магија со својата одбрана (Видео)
-
Балканпред 23 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 21 час
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 16 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 13 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 22 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 21 час
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 14 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем