Мото ГП
Бањаја се погрижи за италијанска прослава на Муџело и донесе радост во гаражата на Дукати

Трката за Големата награда на Италија во Мото ГП шампионатот донесе големо славје за домашен возач, бидејќи Пеко Бањаја успеа да направи пресврт и од петтото место дојде до првото и се избори за победа.
Џанантониот направи огромно изненадување со пол-позицијата на вчерашните квалификации, но денеска брзо го отстапи првото место и на врвот се најдоа двајцата возачи на тимот на Валентино Роси, Безеки и Марини.
Двајцата одолеваа во првите неколку круга и зад себе го имаа Квартараро, но потоа се намириса налетот на Пеко, кој ги мина сите мотоцикли пред себе и без проблеми дојде до првото место на домашната патека.
Бањаја мирно и сталожено ја одбрани првата позиција до крајот и се израдува на голема победа во Муџело, а зад него заврши Фабио Квартараро кој освои важни бодови во генералниот пласман.
Подиумот на крајот го комплетираше Алеиш Еспаргарот, додека четврти заврши Жоан Зарко. Безеки и Марини паднаа во вториот дел од трката и на крајот се задоволија со петтото и шестото место. Седми беше Биндер, осми Накагами, деветти Оливеира, додека Марк Маркез заврши на десеттото место на својата последна трка пред да замине на нова операција на раката.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона