Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја победи на спринтот, шампионот ќе се решава на утрешната трка

Објавено

на

Foto:x.com/MotoGP

Сезоната во Мото ГП носи големи возбудувања до самиот крај на официјалните натпреварувања, па така во последната трка влегуваме со двајца возачи кои имаат големи математики во битката за титулата.

Хорхе Мартин е во далеку поповолна позиција и покрај тоа што денеска заврши трет на спринтот на Монтмело, бидејќи поради акумулираните бодови и предноста од 19 поени, утре потребни му се само седум за автоматски да стане светски шампион.

Поточно, на Мартин му е доволно да заврши и деветти на утрешната трка во Барселона, без оглед на резултатот кој ќе го оствари Пеко Бањаја.

Италијанецот ќе ја одбрани шампионската титула само ако победи и ако Мартин заврши подолу од деветтото место, па јасно е дека има доста помали шанси за трофејот, иако истите не се невозможни.

Мотоциклизмот е спорт во кој не може ништо да се предвиди пред една трка, а позитивно за Бањаја е тоа што денеска беше најдобар на спринтот, покажувајќи убедливо најдобар ритам на патеката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни