Мото ГП
Бањаја победи, Еспаргаро се погрижи за мотоциклистичко шоу во Асен

Трката за Големата награда на Холандија ни донесе најголемо разочарување од главниот фаворит за победа, но и извонредна трка во која на мотоциклистите им беше препорачано да влезат во бокс, но на крајот не го направија тоа.
Фабио Квартараро требаше да биде најголем предизвикувач на Пеко Бањаја на трката на Асен, но наместо тоа, предизвика два инциденти, од кои во првиот го собра и својот директен конкурент за титулата.
Квартараро погреши и го понесе со себе и Алеиш Еспаргаро, но Шпанецот на крајот се претвори во возач на денот бидејќи не се откажа и по излетувањето се врати на патеката. Еспаргаро беше 15-ти во тој момент, но до крајот на трката дојде до четвртото место, а последните две престигнувања му беа во последната кривина.
Желба за враќање имаше и Квартараро, но лидерот во генералниот пласман погреши и вторпат, со тоа што вториот пад беше многу потежок и ја заврши трката. На врвот, Бањаја немаше преголем притисок и без проблеми заврши прв, додека историско беше второто место кое го освои Безеки.
Младиот Италијанец првпат во кариерата се искачи на пиедесталот со второто место, но му донесе и прв подиум од постоењето на тимот на Валентино Роси. Трет на целта заврши Маверик Вињалес, за кого ова беше исто така прв подиум како член на Априлија.
Неговиот тимски колега Еспаргаро заврши како четврти и ја намали штетата која му ја предизвика Квартараро, кој инаку беше голем џентлмен и по трката отиде во боксот на Априлија за да му се извини на Алеиш. Еспаргаро во последната кривина ги мина Биндер и Милер кои завршија петти и шести, а до десеттото место уште завршија Мартин, Мир, Оливеира и Ринс.
-
Пливањепред 16 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 17 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал
-
Англијапред 9 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 8 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)