Мото ГП
Бањаја падна на четири круга пред крајот, Квартараро е нов Мото ГП шампион!

Пеко Бањаја имаше нова извонредна трка на домашно тло како што беше и пред неколку недели, но за разлика од тогаш, денеска не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Емилија Ромања и практично го прокламираше Фабио Квартараро во нов светски шампион.
Италијанецот ја предводеше денешната трка на Мизано од самиот старт и одлично одолеваше на Марк Маркез кој беше залепен за опашката од неговиот мотоцикл, но кога се чинеше дека почна да му се одлепува на Шпанецот, следеше голема грешка на четири круга пред крајот.
Бањаја загуби контрола над своето Дукати и излета од стазата, па наместо да го одложи шампионското славје на Квартарато кој денеска се мачеше со старт од 17-то место, на крајот го прокламираше младиот Французин во нов Мото ГП шампион.
Марк Маркез стигна до трета победа оваа натпреварувачка сезона и зад него заврши колегата од Хонда, Пол Еспаргаро, но сето тоа падна во сенка на големата вест поврзана за Квартараро.
Французинот ја заврши денешната трка како четврти зад Бастијанини, но на големо почна да ја слави својата прва титула во „кралската класа“, со која става крај и на постот на Јамаха која исто така ја слави првата светска титула по 2015-та година.
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ: Алкараз има уште многу да весла…..
-
АТПпред 17 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 16 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 11 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 18 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 19 часа
Бускетс ги посочи играчите кои најдобро можат да го заменат во Барселона
-
Лига на шампионипред 21 час
Димарко го „пецна“ Сити пред финалето во Истанбул: Трофејот за нас е сон, а за нив опсесија
-
Шпанијапред 11 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)