Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја направи голема грешка и го приближи Мартин до првата Мото ГП титула (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Хорхе Мартин победи на спринт трката во Малезија, а фактот што Франческо Бањаја не го комплетираше натпреварот донесе двојно задоволство за шпанскиот мотоциклист.

Мартин и Бањаја требаше да водат директна битка за бодови на спринтот, но италијанскиот претставник ја загуби контролата и излета од патеката и трката во четвртиот круг, па Мартин помирно можеше да стигне до зголемување на предноста.

Во продолжение Мартин успеа да ја задржи предноста пред Марк Маркез, додека Енеа Бастијанини го освои третото место на денешниот спринт на „Сепанг“.

Поени од спринтот освоија уште и А. Маркез, Квартараро, Морбидели, Биндер, Милер и Акоста.

Во пресрет на главната трка, Мартин сега има предност од 29 поени во однос на Бањаја и може да ја потврди титулата веќе утре со освоени девет поени повеќе од единствениот ривал за првото место во генералниот пласман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни