Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја го завршил тренингот со фрактура, ги пропушта двете наредни трки

Објавено

на

Членот на Мото ГП тимот Прамак Рејсинг Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја заработил повреда на денешниот тренинг во Брно и оди на принудна пауза, објавија од неговиот клуб.

Бањаја го повредил коленото откако паднал на патеката во Брно, па сега е сигурно дека не само што нема да се трка во Чешка, туку ќе ја пропушти и трката во Австрија.

23-годишниот Италијанец заработил фрактура, а лекарите најпрвин ќе утврдат дали ги повредил и лигаментите, па потоа ќе одлучат кога да го оперираат.

Со ова Бањаја ќе му се приклучи на актуелниот шампион Марк Маркез меѓу повредените возачи, откако Шпанецот по втората операција сигурно нема да вози во Брно.

За разлика од Маркез, Бањај досега собра 9 поени од претходните трки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни