Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја го искористи подарокот од Мартин, браќата Маркез испишаа историја во Германија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/MotoGP

Трката за Големата награда на Германија традиционално означува крај на првиот дел од сезоната во Мото ГП, па во оваа кратка летна пауза заминуваме со нов лидер во генералниот пласман.

Пеко Бањаја доби огрмен подарок од Хорхе Мартин на трката во Заксенринг, бидејќи шпанскиот возач имаше се на своја страна да биде уште посигурен лидер, но на крајот упропасти се со еден лош маневар.

Мартин погреши на почетокот на претпоследниот круг и фрли во вода се што градеше цела трка, па така му овозможи на Бањаја да стигне до нова победа, четврта во низа во „кралската класа“.

Италијанецот на овој начин е нов лидер во генералниот пласман со 222 бода, 10 повеќе од Мартин кој сигурно ќе има лош спомен од денешната трка на Заксенринг.

Покрај Пеко и падот на Мартин, главна вест од денешната трка е и двоецот Маркез, бидејќи двајцата браќа завршија на подиумот со второ и трето место.

Марк напредуваше од 13-то до 2-то место и само покажа зошто важи за „крал“ на Заксенринг, но извонредна трка имаше и неговиот брат Алекс кој заврши трет.

Со ова, Марк и Алекс испишаа историја во Мото ГП, односно станаа првите браќа по 1997-ма година кои завршиле на подиумот на иста трка (последно тоа го направија Аоки браќата).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни