Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја ги одби нападите на Мартин и не му дозволи да слави титула во Малезија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PeccoBagnaia

Франческо Бањаја победи на Мото ГП трката во Малезија и не му дозволи на Хорхе Мартин да стигне до шампионска титула уште на трката на Сепанг.

Италијанецот на почетокот од трката издржа неколку сериозни напади на најголемиот ривал и успеа да го задржи првото место, па во финишот заврши и со посериозна предност во однос на Шпанецот, кој сепак може да биде задоволен со втората позиција.

Енеа Бастијанини извлече уште еден подиум со третото место освоено во Малезија, а најмногу поради излетувањето на Марк Маркез, кој на тој начин ја изгуби можност да се бори за место на победничкиот пиедестал.

До десеттото место се пласираа А. Маркез, Акоста, Квартараро, Вињалес, Ринс, Бецеки и Фернандес.

Со денешниот епилог, предноста на Мартин пред Бањаја изнесува 24 поени и тој ќе биде во одлична позиција да ја потврди титулата на последната трка која веројатно ќе се одржи во Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни