Поврзете се со нас

Англија

Бамфорд обелодени: Биелса го изнасмеал цел тим на Лидс со шегата за новата фризура на Алиоски

Објавено

на

Езџан Алиоски ја бојадиса својата коса воочи натпреварот со Ливерпул кој го имаше тимот на Лидс, а кој на крајот заврши со мирољубиви 1:1 благодарение на голот на Љоренте во самата завршница од средбата.

Еден од најактивните играчи на оваа средба беше Патрик Бамфорд кој ја погоди и гредата, па сега токму напаѓачот на Лидс откри една интересна анегдота поврзана за македонскиот репрезентативец и менаџерот Биелса, а која датира од деновите пред мечот со англискиот првак.

Говорејќи за официјалниот подкаст на Лидс, Бамфорд открива дека Џани бил мета на шеговити коментари поради промената на имиџот, а сите се прснале од смеа по зборовите на Биелса, иако тој не ја сфатил комплетно неговата шега.

– Кога дојде на тренингот, му кажав дека сега личи на Меган Рапино, американската фудбалерка. Му покажав слика од нејзе и го прашав дали земал пример од неа.

– Дури и менаџерот се обиде да се пошегува со него пред сите нас. Го праша дали ја бојадисал својата коса поради тоа што има постара тетка за девојка. Не ја сфатив баш шегата, но цел тим се прсна од смеа, – открива Бамфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни