Поврзете се со нас

Италија

Балотели заигра во Серија А после четири години, па веднаш се најде во бележникот на судијата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Марио Балотели последен пат играше во Серија А пред повеќе од четири години, а после точно 1701 ден надвор од италијанската елита, „Супер Марио“ повторно истрча на теренот.

Искусниот напаѓач доби шанса од тренерот Џилардино на гостувањето кај Парма, натпревар кој ќе се памети по важната победа на гостите од 0:1, но и по финишот на Балотели.

Марио влезе во игра во 86-та минута за да ги доигра завршните моменти од средбата на „Енио Тардини“, а во ситуација кога немаше можност да направи разлика во резултатот, успеа да се истакне во статистиката која ја одбележа неговата кариера.

Балотели експресно се најде во бележникот на главниот судија и доби жолт картон поради прекршок и протести кон арбитарот, па тој дополнително влијаеше да се зголеми тензијата во самиот финиш.

Џенова на крајот се одбрани и успеа да освои драгоцени три бода, со кои тимот од „Мараси“ сега избега од опасната зона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни