Поврзете се со нас

Италија

Балотели за снимката на која се гледа како се тркала на улица: Да зборуваме за поважни работи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели уште еднаш е во главна улога во контроверзен момент, овојпат како дел од неговиот одмор во Италија кој дојде по завршената сезона во турското првенство.

Италијанскиот напаѓач во моментов нема ангажман бидејќи му истече договорот со Адана Демирспор, а во периодот кога агентите му бараат нов ангажман, тој се истакна со една неславна видео снимка од сопствениот одмор.

На видеото се гледа како Балотели паѓа среде улица, па повлекува долу и еден од своите пријатели, а очекувано не требаше да помине долго време за видеото да стане вирално на социјалните мрежи и фановите да проценат дека Супер Марио бил во алкохолизирана состојба.

Италијанецот се налути па реагираше преку социјалните мрежи, тврдејќи дека има право да се забавува без разлика на начинот на кој го правел тоа.

– Сакам да ви кажам дека го видов видеото на кое паѓам со моите пријатели, се превртуваме, се шегуваме и трчаме. Не гледам во што е проблемот што се забавувам со пријателите без да повредам некого. По ваквиот настап на Италија (на ЕП), главна вест стана дека јас сум бил пијан. Ве молам, да зборуваме за важни работи, – вели Балотели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни