Поврзете се со нас

Италија

Балотели уште еднаш ги помина границите на толеранцијата па доби порака од првиот човек ан Бреша: Тој е чуден човек…

Објавено

на

Марио Балотели не се појави на тренинзите на неговиот клуб Бреша пред два дена и со таквиот негов потег го навлече гневот на сите фудбалски чинители во овој клуб.

Подоцна кога доби лавина жестоки критики, Балотели се правдал дека имал сотмачен вирус и затоа не се појавил на тренинг, но ваквиот негов изговор овој пат нема да помине во клубот.

За целата ситуација поврзана со Балотели се огласи и првиот човек на Бреша, Масимо Селино кој изјави дека ќе притиска на негово заминување ова лето.

– Се обидувам да избегнам правна акција за случајот Балотели. Тој е чуден тип, во мислите повеќе не е со нас и неговото заминување го одобрувам. Ова не е ништо поинаку од тоа што претходно го правеше во кариерата, -изјави Селино.

Селино потоа потврди дека Балотели имал повластен статус во клубот, а претходниот тренер Еугенио Корини му дозволувал и да доцни на тренинзите, па и помалку да се залага, но тоа тој не го почитувал.

– Поранешниот тренер Еугенио Корини се грижеше за него. Му дозволуваше доцнења на тренинзите, тренинзи со помало темпо… Разочарани сме, верувам дека и тој ќе биде. Не го донесовме Марио само за медиумска помпа, туку навистина верувавме дека може да биде важен за нас на теренот. Мислев дека ќе креира нешто ново за себе во Бреша, разочарани сме од него, -заклучи првиот човек на клубот кој речиси сигурно ќе испадне ранг подолу кога сезоната и официјално ќе заврши.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни