Поврзете се со нас

Италија

Балотели си оди од Бреша, Рајола потврдил дека има интерес од два клуба

Објавено

на

Нема долго да трае љубовта помеѓу Марио Балотели и Бреша затоа што контроверзниот напаѓач по само една сезона ќе си оди од италијанскиот тим.

Балотели не успеа да го донесе тоа што беше барано од него во Бреша, па иако потпиша договор со тимот до 2022 година тој ќе си оди по крајот на сезоната.

За Балотели има интерес од два клуба, а наводно и самиот агент на играчот Мино Рајола потврдил дека преговара со клубовите.

Станува збор за бразилскиот Васко Де Гама кој сака да направи тим кој ќе атакува на титулата во ова првенство, како и за турскиот гигант Галатасарај кој е подготвен да плати солидна сума за платата на Балотели.

Контроверзниот напаѓач оваа сезона во дресот на Бреша запиша 19 настапи на кои успеа да постигне пет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни