Поврзете се со нас

Свет

Балотели: Се уште не можам да се опоравам од Македонија!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Голем број италијански фанови вечно ќе ја паметат Македонија како „црна мачка“ за нивната омилена репрезентација, бидејќи „рисовите“ во март минатата година направија огромно изненадување и ги оставија европските шампиони без Светско првенство.

Македонија славеше на баражот во Палермо и ја шокираше цела спортска јавност, но особено траорно беше на Апенините каде објаснување за поразот не можеа да дадат ниту најголемите легенди.

Тогашниот тим на Роберто Манчини загуби со резултат 0:1, а иако поминаа цели 18 месеци од тој натпревар, Марио Балотели признава дека се уште не се опоравил од таа тага.

Супер Марио веќе некое време не е дел од репрезентацијата и потенцира дека веќе нема пракса да ги гледа натпреварите на Италија, а еден од последните бил токму оној со Македонија.

– Повеќе не ги гледам натпреварите на Италија. Премногу ме боли што не сум дел од тимот. Повремено ги мразев луѓето кои работа во селекцијата, но веќе не ги гледам нивните натпревари. Премногу ми е мачно да ги гледам кога не сум таму. Вистина е, му должам многу на Манчини, но и тој ми должи многу на мене. Натпреварот меѓу Италија и Македонија ми ја нанесе најголемата болка, се уште не сум се опоравил од таа болка и тага, – признава Балотели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни