Поврзете се со нас

Италија

Балотели сака повторно да игра за Италија: Колку удари имаа Скамака и Распадори заедно? Јас се сметам…

Објавено

на

Foto:instagram.com/mb459

Марио Балотели веќе неколку години е надвор од италијанската репрезентација, поточно неговиот последен меч за националниот тим беше во септември 2018 година против Полска.

Меѓутоа напаѓачот не се откажува од репрезентацијата, постојано има што да каже, да притисне, па во свој стил му испрати на селекторот Лучијано Спалети.

-Ако се е во ред, се сметам за најсилен. Дали Распадори и Скамака играа против Украина? Колку удари имаа заедно? Два? Сакам да се опоравам и да играм за репрезентацијата.

-Секогаш се надевам на повик. Го запознав Спалети, го имам сретнато неколку пати. Се шегувавме кога се сретнавме на пријателски натпревар со Наполи, но јас немам однос со него, -порача Марио кој сега го носи дресот на Адана Демирспор.

За „аѕурите“ има дадено 14 голови на 36 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни