Поврзете се со нас

Италија

Балотели понижен како никогаш во кариерата: Напаѓачот избркан од тренинг центарот на Бреша! (Видео)

Објавено

на

Марио Балотели го разбуди гневот меѓу одговорните луѓе на Бреша, а посебно кај првиот човек Челино кој јасно стави до знаење дека направи голема грешка што му дал шанса на напаѓачот да се врати во вистински колосек во неговиот матичен град.

Балотели направи неколку глупости откако се врати во Серија А и уште еднаш го оправда епитетот на контроверзен фудбалер, но фактот што пропушти неколку тренинзи по враќањето во некаква нормала по ковид паузата, ја прели чашата во клупското раководство.

Угледната „Газета“ пред два дена пренесе дека одговорните лица веќе не сметаат на Балотели, а најдобар доказ за тоа добивме ова утро.

Популарниот „Супер Марио“ беше понижен како никогаш во својата кариера, но Бреша се издвои како клуб кој презема најрадикални мерки кога е во прашање некогашниот италијански репрезентативец.

По неколку неоправдани отсуства, Балотели денеска сакал да влезе во „Торболе“ центарот на кој тренира Бреша, но во дадената ситауција не му бил дозволен пристап и бил вратен, како што добро се гледа на видеото.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни