Поврзете се со нас

Италија

Балотели нападна легенда на Милан: Се обраќа како да ве гледа од високо, во стилот на „кој си ти“…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели типуваше дека големото миланско дерби ќе заврши 2:2 и дека тој натпревар ќе понуди шоу за фановите, па иако напаѓачот беше блиску да го погоди типот, на крајот „росонерите“ беа тие кои ја однесоа победата.

Милан победи со 1:2 и со тоа Пауло Фонсека си ја зачува работата на „Сан Сиро“, а во период кога Португалецот наиде на жестоки критики во јавноста, сега „Супер Марио“ реши да застане во одбрана на тренерот.

Балотели смета дека Фонсека добил нефер третман од неколку познати имиња, но особено од легендарниот Звонимир Бобан кој неговата работа ја искоментира со доза на потценување.

– Не знам зошто игра 4-3-3, не може да игра со таа формација со Рејндерс и Лофтус Чик. Рејндерс е „шестка“, а не „осумка“, Лофтус Чик е „осумка“, а не „десетка“. Не знам како може да игра 4-3-3 со нив двајца во тимот, – критикуваше Бобан, кој пак сега доби напад од Балотели.

– Не ми се допаѓа начинот на кој Бобан говори во студиото на „Скај“. Изгледа како само тој да знае се за фудбалот, а останатите се идиоти. Дрско е кога ќе му кажете на еден тренер како да си ја врши работата. Бобан дели зборови како да ве гледа од високо, како да сака да каже „Кој си ти“…..

– Немам проблем да кажам дека ми оди на нерви и не ми се допаѓа како се обраќа. Во ред е да имате свој став и да го изнесете истиот на убав начин, но тој го прави сосема спротивното, – вели Балотели.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни