Поврзете се со нас

Италија

Балотели: Милан нема играчи од светска класа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан игра доста променливо во оваа сезона, а тоа го остави зад Јувентус и Интер во Серија А, додека пак во Лигата на шампионите е пред елиминација.

„Росонерите“ загубија од Борусија Дортмунд со 3-1 и се на последното место во групата Ф, поточно ако не се промени нешто во завршното коло ова може да значи крај за екипата и во европските купови.

Марио Балотели како поранешен играч на „црвено-црните“ сака да види повеќе од Милан, ама според него недостасува мотивација, плус фудбалери од светска класа.

-Од тоа што го видов како Милан играше на последните натпревари, тешко ми е да дадам категорична оценка. Тие приредија големо шоу со ПСЖ, но потоа имаше неколку сензационални грешки. Можеби проблемот е мотивацијата. Освен двајца-тројца, нема играчи од светска класа. Фудбалер може да има повеќе или помала мотивација, но на него е да ја пронајде.

-Пример е Копа Италија: на првите натпревари играте против послаби тимови и обично оние кои никогаш не играат излегуваат на теренот. Тогаш ако има стартер, не е дека е апатичен, но ја нема мотивацијата што може да ја има во Лигата на шампионите. Потоа, ако тимот стигне до четврт-финале или полуфинале, тогаш ситуацијата се менува. Но ако Милан ја освои Лигата на Европа, тоа ќе предизвика помала сензација од другите тимови, -порача Марио за „ТВ Плеј“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни