Поврзете се со нас

Италија

Балотели ќе ја напушти Џенова и веќе е во преговори со следниот клуб

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Марио Балотели ќе реализира уште една епизода во својата невообичаена фудбалска кариера и ќе ја напушти Џенова по само два месеца.

Екипата која го промовираше поранешниот италијански репрезентативец како засилување на 28. октомври, не му овозможи посакувана минутажа на напаѓачот, па тој размислува да искористи клаузула од неговиот договор.

Балотели има право да ја напушти Џенова до крајот на годинава, а на повидок е и неговата следна дестинација, која би требало да биде Мексико.

Круз Азул е клубот кој сака да му даде шанса на Балотели во мексиканското првенство и испратил сериозна понуда до агентите на Италијанецот, па Супер Марио може да се реши на опција да ја напушти Европа.

Поранешниот напаѓач на клубови како Интер и Манчестер Сити одигра само 57 минути откако дојде во Џенова, а во прилог не му одеше ниту назначувањето на Патрик Виеира за тренер на екипата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни