Поврзете се со нас

Свет

Балотели го истакна најслабиот тренер со кој соработувал

Објавено

на

Марио Балотели постојано е актуелен во медиумите поради своите контроверзни потези и изјави, а во последното подкаст гостување го истакнал најлошиот тренер со кој соработувал во досегашната кариера.

Актуелниот играч на турскиот клуб Адана Демирспор се навратил на краткиот период кога го носеше дресот на Ливерпул и соработката со Брендан Роџерс.

– Роџерс е најслабиот тренер со кој сум соработувал.

– Тој беше број еден во однос на подготовката на тренинзите, но беше катастрофа како личност, – рекол Балотели.

Супер Марио дојде во Ливерпул од редовите на Милан, потоа се врати во Италија, а неговиот престој во овој англиски клуб заврши со доаѓањето на Јирген Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни