Поврзете се со нас

Репрезентација

„Балонот“ во Талин ќе се игра без публика, Ефремовски гори од желба за игра: Се надевам дека ќе добијам шанса

Објавено

на

Иако првичните најави беа дека кошаркарскиот „балон“ во Талин ќе се игра пред лимитиран бројна гледачи во арената „Саку Сурхал“, Владата во Естонија презема нови мерки во борбата против коронавирусот, со што стана јасно дека турнирот ќе се игра во завторени услови и без присуство на навивачи.

Ова значи дека Естонците нема да имаа поддршка од домашните фанови во дуелите со Македонија и Италија, кои ќе бидат клучни за сите три селекции во обидот да се стигне до Европското кошаркарско првенство.

Македонските кошаркари веќе неколку дена се во Талин и се подготвуваат за првиот предизвик со Италија, пред кој сега младиот Ефремовски порача дека со нетрпение сака да излезе на паркетот и да го дочека својот дебитантски настап за најсилната селекција.

– Ние сме веќе навлезени во натпреварувачки ритам. Зад мене имам седум натпревари, три во македонското првенство и уште четири во АБА2 лигата. Од таа гледна точка можам да кажам дека сум подготвен за тоа што следува во наредните неколку дена.

– Првиот противник со кој што ќе се соочиме на овој турнир е Италија, а потоа следува натпреварот со Естонија. Лично посакувам да направиме позитивен резултат. И на двата натпревари да излеземе како победници. Имам огромна желба за игра. И очекувам шанса, да излезам на терен и да го оправдам повикот во дресот со националните обележја, – додаде Ефремовски.

сепак, сега и дефинитивно е јасно дека Естонците ќе ја загубат предноста која со себе ја носи играњето на домашен терен (со публика).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни