Поврзете се со нас

Европски првенства

Балкански судија ќе ја дели правдата на полуфиналната битка меѓу Шпанија и Франција

Објавено

на

foto: x.com/UEFA

Пред нас се завршните битки на 17. Европско фудбалско првенство, а наредниот меч е закажан за 9 јули кога во полуфиналето во Минхен силите ќе ги одмерат Шпанија и Франција.

Оваа средба се игра во вечерниот термин од 21 часот, а УЕФА веќе го делегираше арбитарот кој ќе ја дели правдата на „Алијанц Арена“.

Довербата ја доби 44-годишниот судија од Словенија, Славко Винчиќ кој годинава веќе беше главен на еден голем настан, финалето на Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Помошници ќе му бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четврти судија ќе биде Иван Кружлијак од Словачка.

Одговорноста во ВАР собата ќе ја имаат Нејц Кајтазовиќ, Паоло Валери и Масимилијано Ирати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни