Поврзете се со нас

Италија

Балкански шок за Мота: Крстовиќ и Ребиќ му одземаа два бода на Јувентус во 93. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialUSLecce

Анте Ребиќ се врати во Серија А по неуспешната етапа во Турција, но после лошите настапи во воведните рунди како член на Лече, вечерва конечно ги дочека своите „пет минути“.

Поранешниот напаѓач на Милан се најде на вистинско место во вистинско време, бидејќи со својот гол во 93-та минута му зададе нов непријатен удар на Тиаго Мота.

Тренерот на Јувентус доживеа студен туш на една минута пред истекот на судиското продолжение, а тоа се случи благодарение на добрата акција која ја режираа Крстовиќ и Ребиќ.

Балканската конекција го шокираше фаворитот на „Виа дел Маре“, па со тоа беше неутрализиран голот на Камбијазо во 68-та минута.

Јувентус одново остана без посакувана победа во Серија А, па сега како шестопласиран заостанува шест бода од лидерот Наполи.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни