Поврзете се со нас

Лига Европа

Балкански предизвици за Ренова и Силекс, Шкендија ќе се соочи со Бабунски и Ашковски

Објавено

на

Македонските фудбалски прволигаши Шкендија, Ренова и Силекс попладнево во Нион ги добија ривалите за второто квалификациско коло во Лига Европа.

Според денешната ждрепка Ренова и Силекс своите мечеви од оваа рунда ќе ги играат на домашен терен додека пак Шкендија ќе има уште еден гостински предизвик по оној во Азербејџан. Имено „црвено-црните“ од Тетово овојпат ќе патуваат во Романија каде ќе се соочат со Ботошани за кого настапуваат македонскиот интернационалци Давид Бабунски и Стефан Ашковски.

Ренова пак за ривал го доби хрватскиот прволигаш Хајдук од Сплит кој веќе со години е далеку од тоа што беше во минатото. Силекс пак од друга страна исто ќе има интересен предизвик и ќе се соочи со Дрита од Косово.

Дуелите од ова коло во ЛЕ треба да се одиграат заклучно со 17 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни