Поврзете се со нас

Италија

Балканската колонија во прв план: Пандев предводник на „источниот ветер“ во Џенова (Фото)

Објавено

на

Џенова на одличен начин ја стартуваше новата натпреварувачка сезона во Серија А, во која составот од Мараси се очекува да има многу повисоки амбиции од оние во изминатите неколку години.

Тимот кој сега го предводи Маран го победи Кротоне со 4:1 во воведната рунда и мора да се каже дека Џенова е далеку подобар тим со новите засилувања, а позитивната атмосфера по стартната победа се пренесе и во тренинг центарот од каде денеска ни пристигна уникатна слика.

Горан Пандев како најискуен и играч со најдолг стаж ја предводи балканската колонија во Џенова, а крај него од левата и десната страна се најдоа Хрватите Марко Пјаца, Милан Бадељ и Петар Брлек, Словенецот Миха Зајц и Србинот Иван Радовановиќ.

– Силен ветер од истокот дува на Центро Сињорини, – гласи објавата на Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни