Поврзете се со нас

Конференциска лига

Балканска пресметка ќе го привлече вниманието во четвртфиналето на Конференциската лига

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/europacnfleague

Олимпијакос и Фенербахче се најдоа во најинтересниот пар од четвртфиналето на Конференциската лига, натпреварување во кое уште осум екипи остануваат во битка за трофејот кој ќе биде подигнат во Атина.

Грција има два претставника во четвртфиналето, а ПАОК за противник го доби Клуб Бриж. Според ждрепката за полуфиналето, двете грчки екипи не можат да се соочат пред евентуалното финале.

Премиерлигашкиот претставник Астон Вила ќе се соочи со Лил, додека Фиорентина може да биде задоволна од ждрепката бидејќи го доби чешкиот клуб Плзен.

Четвртфинални двојки:

Клуб Бриж – ПАОК

Олимпијакос – Фенербахче

Астон Вила – Лил

В. Плзен – Фиорентина

Полуфинални двојки:

Олимпијакос – Фенербахче против Астон Вила – Лил

В. Плзен – Фиорентина против Клуб Бриж – ПАОК

 

Четвртфиналните дуели се закажани за 11 и 18. април, додека полуфиналните соочувања ќе бидат одиграни на 2 и 9. мај.

Финалето ќе се игра во Атина на 29. мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни