Поврзете се со нас

Балкан

Балканска легенда се нуди да биде селектор на Србија: Тоа би била голема чест…

Објавено

на

Фото:www.facebook.com/FudbalskiSavezSrbije

Србија не ја мина групната фаза на Европското првенство, резултат кој не беше добро прифатен кај нашиот северен сосед и се најавуваат големи промени во наредниов период.

Една од нив треба да биде заминувањето на досегашниот селектор Драган Стојковиќ Пикси, па веке во јавноста почнаа да кружат и одредни имиња околу тоа место. Се говореше за Јоаким Лев, ама таа опција дефинитивно не е реална и за тоа дојде потврда од тимот, луѓето на Германецот..

Има и такви кои едноставно јавно се нудат да бидат предводници на српската репрезентација, а еден од нив е легендарниот Мехмед Баждаревиќ.

-Секако дека би сакал да бидам селектор. Реков, би сакал да имав такви играчи. Да се ​​биде селектор на ваква репрезентација секако би било голема чест. Бев селектор во мојата земја три години и бев среќен. Би направил сериозна приказна и проект што, ако дојде до тоа, но повеќе за тоа подоцна… Има уште посериозни луѓе кои би биле кандидати. Ако за среќа тоа сум јас, со големо задоволство би прифатил, -вели Босанецот за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни