НБА
Балканска доминација: Дончиќ и Јокиќ се приказна за себе во НБА лигата! (Видео)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се убедливо најдобрите претставници на Балканот во НБА лигата, а доминацијата која ја демонстрираат во последно време сосема заслужено ги издвојува од конкуренцијата.
Двајцата се претенденти за МВП наградата во регуларниот дел од сезоната и се чини како во моментов да се играчи кои играат во „своја лига“, па иако според статистичарите предност има Србинот Јокиќ, никако не смее да се обезвредни тоа што го прави и Словенецот.
Далас влезе во победнички ритам и го запиша третиот триумф во низа, а на натпреварот против Чикаго најголемата ѕвезда го запиша седмиот трипл-дабл во низа во најсилната кошаркарска лига во светот.
Дончиќ повторно доминираше и го заврши мечот со 27 поени, 12 скокови и 14 асистенции, па со тоа беше лидер во победата на гостински терен изразена со резултат 92:127.
Слично како Лука, доминантен во српската пресметка беше и Јокиќ, кој го предводеше својот Денвер до голем пресврт против Торонто кој е предводен од Рајаковиќ. Торонто водеше со 22 разлика во втората четвртина, имаше над 20 предност и на средина на третиот период, но Јокиќ и пријателите не се откажаа и на крајот режиаа пресврт и стигнаа до победа од 125:119.
Јокиќ го запиша 21-от трипл дабл во сезоната со 35 поени, 17 скокови и 12 асистенции, но фактот што имаше и дури 6 украдени топки направи неговото издание да биде историско, бидејќи никој претходно не запишал вакви бројки во НБА лигата на еден меч.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити