Поврзете се со нас

Лига Европа

Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Фенербахче е многу блиску до место во осминафиналето на Лига Европа и тоа откако вечерва оствари сигурен триумф во соочувањето со Андерлехт во Истанбул.

Четата на Жозе Мурињо триумфираше без примен гол со чисти 3-0 и има отворен пат за пласман во наредната фаза. Балканската врска Тадиќ-Џеко беше во прв план, Србинот го отвори резултатит, Босанецот во 42 минута ја зголеми предност.

Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Ен Несири.

Реал Сосиедад се избори за славје на гостувањето во Данска кај Митјиланд. Шпанскиот претставник победи со 2-1 со головите на Мендез и Кубо, на другата страна реализираше Букса.

Ајакс како гостин беше подобар од Ројал Унион со 2-0, а Ференцварош благодарение на Абу Фани го доби Плзен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни