Лига на шампиони
„Балкан-хендбол“ со лоши вести: ЕХФ го исфрла Вардар од ЛШ

Сезоната во Лигата на шампионите традиционално завршува со фајнал-фор турнирот во Келн, а неполни 24 часа по крајот на неверојатните возбудувања во „Ланксес арената“, угледниот регионален медиум специјализиран за ракомет пренесе лоша вест за македонскиот првак.
„Балкан Хендбол“ неофицијално дознава дека водечките луѓе на ЕХФ планираат да го остават двократниот првак Вардар без настап во Лигата на шампионите за новата сезона 2022/23, опција која почнала да се разгледува и анализира за време на изминатиот викенд во Келн.
Барселона излезе како победник од Германија и стана првиот колектив кој одбранил една титула во најелитното клупско натпреварување, па во сезоната која може да брка хет-трик, постои голема шанса дел од елитата да не биде Вардар.
Споменатиот извор открива дека причина за забраната која треба да му се воведе на ВАрдар е несредната финансиска ситуација која се одолговлекува неколку сезони, а за која водечките луѓе на ЕХФ досега имаа разбирање и во неколку наврати прогледуваа низ прсти.
Според „Балкан Хендбол“, ситуацијата нема да биде таква за новата сезона, па конечна потврда на оваа одлука се чека до крајот на седмицата која денеска стартуваше.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)