Поврзете се со нас

Македонија

„Балкан-хендбол“: Легенда на Вардар пред трансфер во Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Foto:instagram.com/ccmhb

Илија Абутовиќ буди позитивни спомени меѓу навивачите на Вардар поради тоа што беше дел од шампионскиот тим кој ја покори Европа, но шест години по заминувањето, српскиот ракометар може да ја разочара големата армија навивачи на најтрофејниот македонски клуб.

Како што јавуваат српските медиуми, Абутовиќ со добри очи гледа на враќање назад во македонскиот ракомет, но овојпат како член на најлутиот ривал на Вардар, Еурофарм Пелистер.

Абутовиќ има 36 години и бара завршни предизвици на залезот на кариерата, а Еурофарм Пелистер кој втора сезона по ред ќе се натпреврува во Лигата на шампионите изгледа како нависитна реална опција.

Специјалнизираниот портал „Балкан-хендбол“ тврди дека Абутовиќ е блиску до договор со челните луѓе на македонскиот шампион, откако Србинот стана слободен агент по истечениот договор со француски Шарт.

Претходно, Абутовиќ четири години настапуваше за Рајн Некар Левен, клуб во кој премина од редовите на тогашниот европски првак Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни