Поврзете се со нас

Шпанија

Балде режираше соло-бравура, Барселона направи пресврт против Унионистас (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Унионистас од Саламанка едно полувреме сонуваше за историска и сензационална победа против Барселона, но на крајот не успеа да стигне до посакуваната цел и чесно се прости од Копа дел Реј.

Третолигашиот влезе со голем мотив и со извонредна енергија на денешната пресметка против шпанскиот шампион, а таквиот пристап направи Унионистас да поведе со спектакуларен гол во 31-та минута.

Гомез зафати маестрален волеј по додавањето од левата страна на Серано, а тоа беше апсолутно награда за храбрата игра и фајтерскиот пристап од првата минута на натпреварот.

Понесени од погодокот, играчите на Унионистас се залетаа и по втор гол пред крајот на првиот дел, но во таква ситуација дозволија контра, која Феран Торес ја претвори во гол за 1:1.

Овој погодок му го донесе потребниот мир на фаворитот, па Барселона во вторите 45 минути постигна два гола, од кои оној на Балде за 1:3 беше навистина импресивен.

Левиот бек режираше соло-бравура за да го реши прашањето околу победникот, а претходно во листата на стрелците се запише Жил Кунде.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни