Поврзете се со нас

Италија

Балданци сака да учи од Дибала: Можам многу да се подобрам со него

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома затвори уште една зделка во завршницата на зимскиот преоден рок и успеа да го добие потписот на талентираниот, Томазо Балданци.

Балданци има 20 години и е голема надеж на италијанскиот фудбал, а во него „волчицата“ гледа играч кој може многу да им помогне во блиска иднина, но и сега со оглед на тоа што имаше квалитетни изданија во дресот на Емполи.

-Многу сум возбуден, неизмерно е задоволувачко да се игра за историски клуб. Се надевам дека ќе направам добро за моите соиграчи и навивачите. Кога дознав дека ова е можност, толку многу го посакував, бев среќен што добив интерес од таков престижен клуб. Веднаш тргнав на пат и многу сум задоволен што сум овде.

-Сакам да им се заблагодарам на Фридкинс, кои веруваа во мене, исто како и директорот и тренерот. Чест ми е што сум овде, -вели Балданци кој со нетрпение чека да соработува со Пауло Дибала.

-Ќе биде многу возбудливо. Ќе имам толку многу да видам и да научам од него. Среќен сум што сум тука, можам многу да се подобрам со него, -порача новото име во редовите на тимот од Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни