Поврзете се со нас

Италија

Балцарети: Погба заслужува втора шанса…

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Пол Погба е едно од фудбалските имиња за кое често се говори во изминатиов период или поточно откако му беше намалена казната за допинг скандалот и можноста да се врати на терените веќе во март 2025 година.

Французинот најави дека има намера да се врати на највисоко ниво, да покаже и уште еднаш да потврди зошто своевремено беше еден од најдобрите фудбалери на светот кога е во прашање неговата позиција.

Тој порача дека Јувентус се уште е негов клуб, ама како што стојат работите тешко дека овде ќе добие шанса иако има договор до 2026 година. Една од опциите е Погба да биде ослободен и да може потоа без проблем да си побара нова средина, решение кое делува најреално во овој момент.

Поранешниот италијански репрезентативец и екс член на Рома, Јувентус, Палермо и Фиорентина, Федерико Балцарети верува дека Погба заслужува нова шанса, а ако тоа не е во Јуве во некој друг силен тим.

-Тиаго Мота не го гледа името и има тенденција да го заштити тимот. Секој заслужува втора шанса. Погба е човек кој има многу проблеми и не играл долго време. Нема да биде лесно да се врати на негово ниво. Има големи мотивации и голема страст, но прво мораме да разбереме како се чувствува физички. Ако Јувентус мисли дека повеќе не е корисен, тој заслужува шанса во силен тим на друго место, -порача Балцарети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни